Живи суштества наскоро ќе бидат создадени во лабораторија

од Milan1
13 прегледи

Иако звучи како сценарио од научнофантастичен филм, создавање живот од ништо, синтетизирање живи суштества во лабораторија без потреба од родители, природна средина или еволутивна историја, науката денес стои на прагот токму на оваа можност. Прашањето повеќе не е дали ќе можеме да создаваме живи суштества во лабораторија, туку кога и под какви етички и безбедносни услови.

Кога зборуваме за создавањето на животот, прво мора да се разјасни – што воопшто се подразбира под „живот“? Научниците обично го дефинираат живо суштество како ентитет кој има способност да расте, да разменува материја и енергија, да се размножува и да реагира на надворешни стимули. Ако тоа се единствените критериуми, некои форми на „вештачки живот“ веќе постојат.

Во 2010 година, тим научници од Институтот Џ. Крег Вентер во САД ја создадоа првата бактерија со вештачки составен ДНК геном. Тие зеле хемиски синтетизирана ДНК и ја вметнале во бактериска клетка од која претходно го отстраниле нејзиниот генетски материјал. Резултатот беше нова бактерија, „Mycoplasma mycoides JCVI-syn1.0“, која успешно се репродуцираше и тоа со целосно синтетички генетски код.

„Ова е првиот организам во историјата што има компјутер наместо родител“, соопшти тогаш Институтот Вентер, најавувајќи ја ерата на дигиталната биологија.

„Во Институтот Вентер, целата ДНК на еден организам прво беше запишана како текстуална датотека, потоа хемиски синтетизирана и оживеана во клетка“, забележаа научниците.

Природата користи четири бази во ДНК (A, T, G, C), но научниците развиле организми кои користат и вештачки бази, па затоа постојат синтетички организми со повеќе од четири букви во генетскиот код.

Првите синтетички бактерии имале и свој „воден печат“ во својата ДНК. Научниците вметнале скриен код со наводници, имиња на учесници и веб-адреса во ДНК-та на овој прв вештачки составен микроорганизам – како дигитален потпис.

Каде е границата?

Денес, синтетичката биологија оди уште подалеку тимови ширум светот се обидуваат да создадат сосема нови организми кои не постојат во природата. Целта е да се дизајнираат микроби кои можат да ја разградат пластиката, да произведуваат лекови директно во телото, па дури и да функционираат како „живи фабрики“ за обновливи извори на енергија.

Во израелскиот институт Вајцман, во 2019 година, тим истражувачи успеа да репрограмира бактерија да користи јаглерод диоксид наместо шеќер како извор на јаглерод ефикасно менувајќи ја нејзината основна биологија.

Се очекува цунами во Медитеранот

Сепак, сето ова сè уште се случува во микробниот свет. Вистинското прашање е, дали еден ден ќе можеме да создадеме сложени, повеќеклеточни живи суштества или луѓе?

Во 2022 година, истражувачи од Универзитетот во Кембриџ создадоа синтетички ембриони од глувци без сперма, јајце-клетки и матки. Тие комбинирале три вида матични клетки и им дозволиле да се самоорганизираат во рана фаза од ембрионалниот развој, што резултирало со структури кои извонредно личат на природни ембриони, комплетни со срце и мозок.

Овие ембриони без родители не можеле да преживеат повеќе од неколку дена, но отвориле врата кон ново разбирање на раниот развој и потенцијално создавањето живот.

Слично на тоа, група во САД моментално работи на проект за вештачка човечка јајце клетка направено целосно од матични клетки, додека во Јапонија е објавено дека до 2030 година би можеле да имаат целосно функционални вештачки човечки ембриони за медицински истражувања.

Етика, опасности и контрола

Секако, кога ќе се спомене создавањето на животот, веднаш се поставува прашањето за етиката. Ако создадеме ново суштество дали тоа има права? Кој одлучува како ќе се користи? Можеме ли да гарантираме дека нема да има злоупотреба, биолошко оружје или несакани мутации?

УНЕСКО, Светската здравствена организација и бројни биоетички комитети веќе работат на упатства, но светот се движи многу побрзо отколку што законите можат да го следат темпото, вели д-р Џон Харис, професор по биоетика на Универзитетот во Манчестер, и предупредува дека општеството ќе мора да ги редефинира основните концепти на животот и човештвото.

„Ние повеќе не само што го читаме животот сега го пишуваме“, забележа биоетичарот д-р Руха Бенџамин од Принстон.

Дали наскоро ќе можеме да создадеме сосема ново, комплексно суштество надвор од утробата и природата? Најверојатно – да. Она што некогаш се сметаше за божествено право, сега е предизвик на науката. Сепак, со секој нов чекор доаѓа и нова одговорност. Фактот дека се создава ново биолошко оружје не се пишува ниту зборува јавно никаде.

Научниците исто така се обидуваат да ги оживеат изумрените видови. Создадени се проекти во САД и Австралија со цел „враќање“ на мамутот и тасманскиот тигар со користење на ДНК секвенци и синтетичка биологија.

Слични содржини