Живко Митревски останува на синдикалната фотелја

од desk3
84 прегледи

7bf5a0c1-1093-406c-8518-5048f143919d-живко-митревски
Живко Митревски останува прв човек Сојузот на синдикатите на Македонија. На 19-тиот конгрес во Охрид тој ја доби довербата од мнозинството делегати. Ова е втор мандат на Митревски кој е на чело на ССМ од 2010 година. Тој на денешниот конгрес беше единствен кадидат за лидер за синдикатот, откако кандидатурата на неговиот противкандидат Симон Силјановски беше одбиена. Силјановски тогаш тврдеше дека одлуката е незаконска и најави дека правадта ќе ја бара по судски пат.