Живковиќ: Ниту едно дете до 3 години веќе не живее во институција, ја унапредуваме грижата за сите граѓани, социјалната заштита е на прав пат

од Vladimir Zorba
269 прегледи

„Како одговорна партија, преку реализација на бројни политики и мерки, покажуваме дека се грижиме за секој граѓанин. Повеќе ниту едно дете до три годишна возраст не живее во институциите во Република Северна Македонија“, изјави денеска на прес конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

„Со отворањето на петте мали групни домови во Битола, Министерството за труд и социјална политика со своите партнери го започна процесот на целосна трансформација на „Мајчин дом“ и сите 27 деца се веќе преселени во објекти коишто наликуваат на топол семеен дом“, потенцира Живковиќ.

Слични содржини