Живковиќ: Со парите што ги фрлија за Триумфалната порта, можеа да набават нови возила и нова опрема за сите пожарникари (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Деновиве нашите најголеми борци се луѓето кои на терен преземаат натчовечки напори во борбата со бројните пожари и за својата посветеност истите ќе бидат и наградени со соодветни финансиски надоместоци согласно законите и колективните договори. Благодарни сме им на пожарникарите, но и на војниците, полицајците, доброволците, институциите и на сите оние кои прават се’ да се изборат со овој нов многу сериозен предизвик“, вели денеска на прес-конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

„Како благодарност за пожртвуваноста и посветеноста, Владата донесе одлука за доделување парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои најголемиот број се пожарникари. Дополнително, Градот Скопје и повеќе општини низ државата ќе им доделат парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од трите екипи што учествуваат во гаснењето на пожарите низ државата. Имаме систем кој функционира а како држава уживаме меѓународен углед, имаме пријатели и во регионот и во Европа кои ни помагаат и солидарноста ја покажуваат на дело, поим што е непознат за Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ“, истакнува тој.

Слични содржини