Живковски: Граѓаните веќе плаќаат 75% помали цени за катастарски услуги

од Nikola Popovski
139 прегледи

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски информира дека предложил до Управниот одбор на Агенцијата да се намалат цените на катастарските услуги до 75%. Целата постапка финиширала, а Владата го усвоила новиот тарифник.

Според Живковски, новите цените стапиле пред три недели и граѓаните веќе плаќаат 75% помали цени за услугите што ги добиваат.

Директорот на Катастар исто така појасни дека наследиле околу 5600 заостанати предмети кои што не се решавале дури и по 6-7 месеци. Според неа, успеале да ги решат сите тие предмети, а во моментов имаат наплив на нови.

-По неколку саботи и секој месец работиме прекувремено за да се завршат сите работи. Сите предмети тековно се решаваат и немаме застој, додаде Живковски на прес-конференција.

Слични содржини