Живот во анонимност: Зошто никој не слушнал ништо за најмладиот син на Мајкл Џексон

428 прегледи

Кога се зборува за покојниот Мајкл Џексон, мислењата се поделени. Додека едни го обожуваат неговиот лик и дело, други сметаат дека е педофил и човек со сериозни психички болести.

По неговата смрт, во 2009 година, зад кралот на попот останаа неговите хитови, неверојатниот имот Neverland и неговите три деца: Парис Мајкл Кетрин Џексон, Принц Мајкл Џексон, Мајкл Џозеф Џексон Јуниор.

Додека двете постари деца, Парис и Мајкл, добро познати на јавноста поради нивниот живот меѓу познатите, најмладниот син е скоро непознат бидејќи одбрал живот во потполна анонимност.

Постариот син, Мајкл Џозеф Џексон Јуниор е навикнат на популарноста, со задоволство излегува, а основал и компјутерска компанија чиј назив во превод гласи „Син на кралот“.

Ќерката Парис е личност која често се сели од место во место, од момче до момче, работејќи како модел и активистка за човекови права.

Но, најмладото дете на кралот, Биги или Бленкет, е потполно анонимна фигура. Овој седумнаесетгодишник не го сака публицитетот и води затворен животен стил.

Меѓутоа, токму за него се врзани најголемите контроверзии. Имено, Кога Принц Втори е роден, 2002 година, кажано е дека на свет го донела сурогат мајка, но повеќе од тоа не е соопштено. Набргу потоа, Мајкл Џексон излегува на балконот во хотелот и го изнесува бебето покриено со ќебе за да го покаже на обожавателите кои се наоѓаат пред хотелот.

Мајкл толку неспретно го држи бебето, па во еден момент и го префрлува преку оградата, што многумина мислеле дека ќе му падне од раце.

Кралот на попот поради ова однесување беше осуден од страна на обожавателите. Меѓутоа, од тој момент, па до смртта на пејачот, никој не го видел малиот Принц.

Кога Мајкл Џексон починал, Принц Втори се криеше од фотографите позади своите брат и сестра.

Долги години по погребот, немавме прилика да дознаеме каде е неговото трето дете. Додека Парис и Мајкл Јуниот студираа на престижни универзитети, Принц Втори живееше во илегала. Со години бил дома кај баба и дедо, родителите на покојниот Мајкл Џексон.

Кога во една прилика папараците го фотографирале, виделе дека момчето се облекува едноставно, без скапа облека, а дека фризурата не ја менувал со години и дека не привлекува внимание со ништо. Кога му се укажала прилика, своето претенциозно име Принц Втори го заменил со Бленкет.

Децата на Мајкл Џексон имаат се. За еден хит добиле повеќе од 75 милиони долати на име авторски права. Без оглед како и да одлучат да живеат, неговите деца ќе имаат добар и лагоден живот.

Слични содржини