„Животот е тежок“: Популарната пејачка откри од која РЕТКА НАСЛЕДНА БОЛЕСТ страда

од Stefanija Kuzmanovska
342 прегледи

Кога Сиа Фурлер се појави на сцената го привлече вниманието на многумина. Освен хитовите кои ги изведуваше и пишуваше за другите, пејачката на многумина им падна во очи и поради нејзиниот уникатен моден стил.

Нејзината уникатна фризура која покрива половина од нејзиното лице веднаш заинтригира многумина, а потоа и деталите од нејзиниот живот.

Инаку, пејачката еднаш откри дека боледува од ретко пореметување наречено Елерс-Данлосов синдром.

„Јас страдам од невролошко пореметување и ужасни болки, станува збор за Елерс-Данлосов синдром. Сакав да ви кажам на сите вас кои чувствувате болка, без разлика дали е физичка или емоционална – ве сакам и продолжете понатаму. Животот е тежок. Болката е деморализирачка, но не сте сами“, напиша таа на Твитер.

Подоцна пејачката уште еднаш се огласи и дополнително објасни за што се работи.

„Само да појаснам, имам невролошко нарушување во Елерс-Данлос. Елерс-Данлос не е невролошка болест. Се извинувам поради забуната“, додала Сиа.

Инаку, синдромот Елерс-Данлос е многу ретка наследна болест на сврзното ткиво која обично води до невообичаено свитливи (флексибилни) зглобови, многу еластична кршливост на кожата и ткивото. Се произведуваат неисправни колагенски влакна, а самото ниво на производство е намалено. Колагенот е протеин кој дава цврстина на кожата и лигаментите и ги прави отпорни на истегнување. Поради овие дефекти, кожата и зглобовите се претерано растегливи (хиперекстензија), раните тешко зараснуваат (во процесот на заздравување на раните неопходна е контракција на нивните рабови), кожата е многу чувствителна и лесно се повредува. Се јавуваат и нарушувања на внатрешните органи: срцето, крвните садови, цревата, како и големи зглобови.

Потсетуваме, покрај тоа што и самата испеа бројни хитови, Сиа напиша и над 100 песни за ѕвезди како Бијонсе, Адел, Бритни Спирс, Ријана и други.

Слични содржини