„ЖИВОТОТ НА ВАШЕТО ДЕТЕ Е ВО ОПАСНОСТ“: Измамник од Македонија „профитирал“ од стравот на родители во Хрватска, одземени повеќе од 270.000 евра

од Nikola Popovski
184 прегледи

Загрепската полиција предупредува на измамници кои се преправаат дека се лекари, кажувајќи им на родители дека животот на нивното дете е во опасност и барајќи голема сума пари за „итна и неопходна операција“.

Во паника и страв, луѓето всушност плаќаат пари, но потоа наводниот доктор исчезнува без трага. Марија Гоати, портпаролка на загрепската полиција, за „Dnevnik.hr“ објаснила како функционираат овие измамници.

– Лицето се претставува како доктор кој вели: „Животот на вашето дете е во опасност. Се случила голема трагедија или несреќа. За оваа тешка операција се потребни пари“. Вака младиот измамник добил пари од осум очајни родители, кои му ги предале на улиците на Загреб.

– Тоа се големи суми пари. Осум граѓани претрпеа вкупна штета од над 270.000 евра, додала Гоати.

Полицијата го идентификуваше измамникот како 26-годишен државјанин на Македонија. Набрзо потоа завршил зад решетки, а полицијата сè уште бара друго лице кое на сличен начин измамило две семејства.

Комората на лекари од семејна медицина во Хрватска апелира до пациентите да не наседнуваат на вакви повици, ниту на обиди за измама на лажни лекари кои им доаѓаат на прагот.

Полицијата ги советува на граѓаните веднаш да престанат со ваквите повици или да се договорат со измамникот и веднаш да се јават во полиција.

Слични содржини