Животот не е фер за сите !- Пеле го продава својот легендарен фудбалски живот

од desk3
100 прегледи

2111093706

Не само исклучителен фудбалер, но и голема личност! Тоа е Пеле – 75-годишниот легендарен Бразилец, кој е единствениот кој освоил три златни медали од Светското првенство. Во кариерата Едсон Арантес до Насименто има и уште многу други успеси и признанија, а добивал и стотици подароци од своите фанови – од претрупани со скапоцености ккруни до најобични часовници и садови.

Сега, речиси 40 години по завршувањето на кариерата, Пеле ги дава сите свои спортски и културни сувенири за лицитација, кој ќе се одржи во јуни во Лондон. Аукцијата опфаќа периодот од 1956 година, кога Бразилецот потпишува со Сантос, до денешни денови, во кои продолжува да се опоравува од операција на грбот, простатата и колкот. Сите интервенции тој претрпе во последната една година.

2111093711
Според многу луѓе токму нестабилната здравствена состојба е една од причините за продажбата. Самиот Пеле признал дека не знае какви се намерите на неговите наследници за вредностите, а самиот тој не сака некои од нив по години едноставно да бидат фрлени крај патот.

“Тоа беше една тешко донесена одлука, но за да се сместат толку многу артефакти, и тоа како што треба, се бара доста напор. Почувствував дека можам да направам многу повеќе, што ги дели овие предмети со светот, а во исто време ми помогна на своите каузи. “, раскажува легендарниот напаѓач кој поседува рекордот на Гинис за најмногу постигнати голови – 1283.

2111093714

Global Slavery Index: Речиси 46 милиони луѓе во светот живеат во ропство

На аукцијата ќе бидат изложени навистина уникатни предмети, меѓу кои неговите три златни медали од Светските првенства (1958, 1962 и 1970), како и направен специјално за него трофеј “Жил Риме” по триумфот во Мексико пред 46 години.

2111093713
Репликата на Светскиот куп е најскапиот предмет на аукцијата – со финансиска проценка меѓу 281 000 и 420 000 фунти. Очекувањата се секој од медалите да биде купен за околу 141 илјади, а топката со која го постигна својот гол број 1000 – за речиси 42 000. Меѓу останатите вредности се стари пасоши и возачки дозволи на Пеле, како и многу дресови, носени од него во познати натпревари.

2111093710

Според аукциската куќа, во најлош случај од аукцијата ќе бидат собрани меѓу 2,5 и 3,5 милиони фунти, но сето тоа зависи од наддавањето.

“Идеално очекуваме оваа сума да биде почетна, но не е исклучено да биде и десет пати поголема.”, Открива Дан Нилс – специјалист во аукциската куќа, која ја организира аукцијата.

Дел од приходите ќе бидат донирани на педијатриската болница “Малиот принц” во Бразил, која Пеле ја поддржува.

2111093709
Нилс очекува широк спектар на учесници – од фудбалски навивачи и колекционери до спортски музеи и бизнис корпорации. Тој додава:

“Иако аукциската е во Лондон, нема да продаваме само на купувачи од Велика Британија. Ќе го емитуваме процесот на наддавање во живо во целиот свет и секој ќе може да учествува.”

Интересот за настанот е голем, не само во Европа и Јужна Америка, туку и во Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Дубаи, САД, Канада и Мексико.

2111093708
Во својата професионална кариера Пеле играл само за два клуба – Сантос (1956-1974) и Њујорк Космос, каде завршува со фудбалот во 1977 година. Бразилецот е најмладиот фудбалер, кој играл и постигна гол во финалето на Светското првенство (1958). Во 1970 тој повторно се запишува во решавачкиот натпревар за трофејот. Со Сантос на два пати ја освои Копа Либертадорес и Интерконтиненталиот куп.

2111093707
Мннозина го сметаат Пеле за најголемиот фудбалер во историјата на играта, а уште еден доказ за легендарниот статус се 1.500-те предмети кои ќе бидат изложени за време на аукцијата.