Жоао Феликс се враќа против Наполи

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Жоао Феликс, кој ги пропушти последните четири натпревари на Барселона поради повреда, сега се чувствува добро и ќе биде во тимот за дуелот со Наполи во среда од Лигата на шампионите, пренесува АС.

Португалецот лечеше повреда на скочниот зглоб, но веќе неколку дена тренира и денеска не почувствува никакви проблеми.

Од клубот дури открија дека тој учествувал во дел од групната активност.

Неговото отсуство не се почувствува бидејќи Каталонците освоија 10 од 12 можни бода на средбите со Осасуна (1:0), Алавес (3:1), Гранада (3:3) и Селта (2:1).

Жоао Феликс е позајмен од Атлетико Мадрид со договор до лето без откупна клаузула.

Слични содржини