Жота го матираше Кристал Палас и го задржа Ливерпул на врвот

од Nikola Popovski
9 прегледи

Премиерата на седмото премиерлигашко коло му припадна на Ливерпул, кој со голот на Диого Жота во деветтата минута го совлада Кристал Палас на Селхурст Парк со 1:0 и се погрижи да остане на врвот пред репрезентативната пауза.

„Црвените“ на тој начин му се реваншираа на Палас за поразот во април на „Енфилд“ (0:1) кој ги елиминираше од трката за шампионската титула.

По киксот и поразот од Нотингем Форест, Ливерпул го врза третиот триумф, вкупно шести сезонава и има вкупно 18 бода, четири повеќе од Манчестер Сити и Арсенал кои допрва треба да ги одиграат натпреварите од седмото коло.

Иако во вториот дел имаа проблеми бидејќи Кристал Палас напаѓаше и имаше неколку шанси, избраниците на Арне Слот успеаја да ја сочуваат раната предност и да му однесат три бода на Ливерпул.

Слични содржини