Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави пред претстојниот натпревар со Челзи дека судирот меѓу двата тима станал голем во последните 10-15 години. Португалецот, кој го води Челзи на два пати, почнувајќи од 2004 година, додаде дека битката за топ 4, која ја водат двата тима, е дополнителен стимул играчите и на двата тима да го дадат најдоброто од себе.
„Во изминатите 10-15 години Манчестер Јунајтед против Челзи е голема игра, двата тима се борат за првите 4, но ова е секогаш голем натпревар, без оглед на тоа каков е залогот. Антонио Конте е многу добар менаџер, тој има фантастичен тим, но немам намера да разговарам повеќе за него“, рече Мурињо.
Португалецот беше запрашан и за односите со ѕвездата на тимот Пол Погба, кој во последните недели помина доста време на клупата, а медиумите на Островот продискутираа за конфликт меѓу двајцата.
„Не ја давам довербата лесно и не мислам дека менаџерот треба да верува во играчот, освен ако играчот не направи така, што менаџерот ќе неможе, а да не верува во него. Понекогаш изгледа дека ние треба да правиме се за играчите, а тие не ни враќаат со ништо. Јас не мислам така. Довербата и вербата која дадов на Скот Мектоминеј, тој си ги заслужи од првиот ден, во кој е со тимот. Тој има одиграни можеби само осум натпревари, но веќе покажа дека тој многу научил. Тој напредува, затоа игра. На Пол (Погба) забележавте дека му е тешко кога влезе како смена против Севиља. Секогаш е подобро кога ќе го започнеш натпреварот и е многу потешко, кога не си загреал добро, а до крајот на натпреварот има многу време. Сепак мислам дека тој се справи добро. Тој е голем професионалец и 10 секунди, откако му реков да влезе во игра, тој беше подготвен. Дури во натпреварите во кои го оставив на клупата, тој успеа да се претстави како вистински професионалец“, објасни Мурињо.