Жозе: Не е страшно, ако Погба останал еднаш на клупата

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не гледа никаков проблем во тоа што Пол Погба останал на клупата за дуелот од англиската Премиер лига против Хадерсфилд. „Црвените Ѓаволи“ победија со 2:0 и успеаја да се консолидираат на второто место во шампионатот.

„Не мислам дека Погба беше запоставен или казнет, ​​секогаш се обидувам да го сторам најдоброто за тимот, па затоа претпочитам да гледам на тоа како на прекрасна приказна“, изјави Мурињо.

„Решив да му дадам шанса на младо момче кое пристигна во клубот само на 9 години за својот прв тренинг. 10 или 11 години подоцна детето веќе игра во дресот на Манчестер Јунајтед важен натпревар од Премиер лигата на „Олд Трафорд“. Сакам да гледам од оваа перспектива. Пол го прифати ова многу добро“, смета Специјалниот.

„Пол е фантастичен играч, нема сомнение за тоа. Тој е еден од најдобрите играчи од средниот ред на планетата. Не гледам каде е драмата во фактот што еднаш е оставен на клупата“, рече Мурињо.

Слични содржини