Најмалку десет лица загинаа, а 31 се водат како исчезнати во поплавите во американската сојузна држава Тенеси.
Агенцијата за вонредни состојби во Тенеси (ТЕМА) соопшти дека обилните дождови предизвикаа поплави во многу делови на државата.Шефот на полицијата во Хамфрис, Крис Дејвис, рече дека загинале 10 лица, меѓу кои две деца, а екипите продолжуваат да трагаат по 31 исчезнато лице.