Десетина жртви на Џефри Епстајн поднесоа тужба против ФБИ за прикривање на неуспесите во истрагата за починатиот финансиер, што според нив дозволило неговата сексуална трговија да продолжи повеќе од 20 години.
Жртвите го обвинија ФБИ дека уште во 1996 година добил веродостојни информации дека Епстајн тргувал со млади жени и девојки, но не земал изјави од жртвите и не ги споделил наодите со федералните и локалните органи за спроведување на законот.
Жртвите навеле дека ФБИ конечно започна истрага во 2006 година, но ја заврши две години подоцна откако Епстајн се изјасни за виновен за обвиненијата за проституција во Флорида и продолжи да ги игнорира препораките сè до неговото апсење во јули 2019 година, пренесува „Ројтерс“. Епстајн се самоуби еден месец подоцна во затвор.
„Поради небрежноста на ФБИ, тужителите продолжиле да бидат сексуално тргувани, злоупотребувани, силувани, мачени и загрозени“, се наведува во тужбата.
Во тужбата, поднесена во средата пред федералниот суд на Менхетен, се бара отштета од владата на САД, единствениот обвинет.
Се верува дека бројот на жртвите на Епстајн е многу поголем од 100.