Вооружени групи продолжат да се движат и да се собираат повторно во околните села на Куманово. Според албанскиот интернет портал Журнал вооружените групи се движат во планините на Карадак и Куманово. Неофицијално, овие луѓе се подготвуваа да извршат напад посериозен отколку на настанот што се случи претходниот ден во Гошинце.
Македонската полиција не потврди ниту го негираше такво нешто.
Но, дали има потреба од нов конфликт со Албанците?
Сите Албанци, вклучувајќи ја и меѓународната заедница – САД, ЕУ и НАТО сме против насилството и поттикнување на конфликт помеѓу Албанците во Македонија.
Пораката од сите странски дипломати кои ја посетиле Македонија за време на политичката криза беше дека нема потреба за вооружен конфликт и дека власта треба да падне за демократски средства.
Во Македонија амбасадорите на највлијателните пет држави кои стојат во центарот на мисијата на ОБСЕ во Виена, исто така, истакна дека има потреба за зачувување на мирот и стабилноста во оваа земја.
Дури и официјалната политика на Косово и Албанија, вели дека новиот конфликтот не е во интерес на Албанците.
Индикативно е што во исто време голем број полициски сили се стационирани во кумановско-липковскиот регион. На влез и излез од општина Ликпково, полицијата врши контрола над сите моторни возила кои се движат во тие насоки.
Жителите од овој регион алармират за големото присуство на полициските сили, кои ги контролират сите моторни визила. Слични полициски контроли се забележани и на влезот и излезот од Куманово. Полицијата за сега не дава официјална причина за големиот број на припадници на полицијата како и за деталните контроли на моторните возила.
