Зибери: Ахмети ми ги понуди сите опции!

од Radmila Tasevska
180 прегледи

Во вчерашното гостување во Програмата 200, nа Алсат М, гостин беше Народниот правобранител, Насер Зибери. На прашањето на новинарката, дали сеуште сонува да стане премиер, Зибери рече дека тоа е договор меѓу партиите, и смета дека ќе се почитува.

„Имиџот на првиот премиер верувам остави впечаток кај сите граѓаните, и ова несомнено дека претставува љубопитност за секој. Верувам дека ова ветување не е само заборавено ветување, верувам дека договорот помеѓу двата главни субјекти на власт ќе се почитува и во последните три месеци ќе се реализира истото, инаку и поранешниот лидер на СДСМ потврди лично дека овој е договорот и дека такво ветување за Албанците ќе стане реалност“, рече Зибери.

На прашањто дали се чувствува изманипулиран од ДУИ, бидејќи му беше ветено премиерско место додека заврши на функцијата народен бранител, народниот правобранител, Зибери рече дека му понудиле да биде прв вицепремиер, министер за правда и многу други позиции, но дека негова одлука била да не биде вклучен во извршната власт.

„Во тие околности не можеше да се направи ништо повеќе. Моја беше одлуката дали би сакал да се приклучам на извршната власт со уште една функција или да останам надвор. За волја на реалноста, лидерот, претседателот на ДУИ ми ги понуди сите опции“, додаде Зибери.

 

Слични содржини