Зибери: Ако се исполнат болничките капацитети, можно е да се воведат нови мерки

од Берта Китинска
270 прегледи

Не се исклучува можноста да се воведат рестриктивни мерки и во моментот во Европа има рестрикции поради појавата на новата мутација.И кај нас може  да се воведат мерките ако ни се зголемуваат бројките и ако ни се исполнат болничките капацитети. Ние секогаш мерките ги носиме и ги воведуваме во зависност од тоа каква е ситуацијата на терен, рече пратеникот од ДУИ, д-р Арбен Зибери во изјава за Канал 5.

Според него, за победа на пандемијата важна е вакцинацијата, но многу поважна е свеста на луѓето.

-Не можеме ние да кажеме дека ќе можеме да се справиме со овој вирус, со оваа пандемија само со вакцинирање. Факт е дека и вакцината ќе помогне, но во моментот кога имаме зголемен број на заразени, сигурно дека и тие што се заразени не можат да подлежат на вакцинација и ќе има протокол кој може да се вакцинира и кога може да се вакцинира, рече Зибери апелирајќи да се почитуваат заштитните мерки.

Слични содржини