Зибери: Народниот правобранител не е семоќен и ги нема сите инструменти за принуда на органите

од Nikola Popovski

„Народниот правобранител за да биде успешен во својата работа не треба да има предрасуди кога се поставува кон органите на државната власт, како што се министерствата и другите органи на управата“, изјави новиот Народен правобранител Насер Зибери за емисијата „Топ тема“.

Тој најави дека ќе состави тим во кој секако ќе бидат вклучени и невладините организации, за да се анализира примената на одредбите на Законот за Народен правобранител.

„Голем број граѓани мислат дека Народниот правобранител е семоќен и дека поседува инструменти за принуда на органите. Во дел постојат надлежности, но во дел се покажа во минатото дека тој е неуспешен“, вели Зибери.

Слични содржини