Зибери од Крушево: Ќе бидам премиер за сите

од Берта Китинска
282 прегледи

Северна Македонија, оваа земја која што сите ја сакаме и ја нарекуваме татковина, поминала низ многу револуции и војни во минатото, борејќи се за независност, а исто се соочувала и со меѓуетнички тензии. Ние се боревме заедно против непријателите однадвор и се боревме едени против други, кога Албанците бараа еднаквост, изјави денеска кандидатот на ДУИ за премиер Албанец, Насер Зибери од Крушево.

Тој потсети на историјата на ова место, која содржи важни историски моменти како што е Илинденското востание, што претставува симбол на ослободувањето од Отоманската империја.

Во своето обраќање Зибери потенцираше дека иако борбите можеби биле неопходни – никогаш не е борбата таа што ќе носи успех, туку е секогаш мирот.

-Успешни сме само кога се бориме заедно, а не едни против други. Албанци, Македонци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци и Роми. Можеби сме различни етнички заедници но споделуваме една татковина, споделуваме еден дом. Заедно, постигнавме мир, постигнавме влез во НАТО, а можеме да постигнеме и членство во Европската унија. Заедно, ќе го направиме животот во Северна Македонија подобар за сите граѓани и ќе создадеме една иднина со подобри можности за нашите деца, порача Зибери.

Меѓу друото тој се осврна и на, како што рече, борбата за ослободување од дуополната власт, поделена помеѓу ВМРО и СДСМ последните триесет години.

-Ова е студена политичка војна каде никој не победник. Но, едно е сигурно: Граѓаните, секогаш биле губитници, а ние сè уште сме заглавени во овој застарен политички систем, кој им служи само на политичките партии, а се заснова на поделба и омраза. Борбата против овој систем, борбата за ослободување од овој дуопол, е демократска, мирна и без насилство. Треба само да го искористиме нашето основно право на глас – иако старите
македонски партии го ризикуваат тоа, рече Зибери.

Тој ги повика сите граѓани „без оглед на етничка и политичка припадност да го изодат овој пат заедно, да се движат напред во нова, современа демократска држава, каде граѓаните се еднакви и каде демократските права се неприкосновени.

Зибери се заложи дека како како прв, непартиски и независен премиер на Северна Македонија, ќе биде на располагање да им служи на граѓаните.

-Моја основна задача е Владата да работи за граѓаните, да стави крај на партискиот режим и да создаде подобри услови за сите нас. За Албанците, Македонците и сите други
етнички заедници. Крушево е симбол на ослободувањето и независноста, изборот на првиот премиер албанец, ќе биде симбол на еднаквоста и новата современа демократија. Па, дури и повеќе од симбол, рече Зибери.

Тој го заврши неговото обраќање со ветување дека ќе биде подобар премиер за сите граѓани.

-За Албанците, Македонците и за сите вас. Како непартиски премиер, ќе се посветам на вас, на граѓаните и единствена моја обврска ќе биде да ја направам Северна Македонија подобра земја. Со поголем просперитет, со поквалитетен живот, со поголема транспарентност и со вистинска еднаквост. Да го оставиме минатото зад себе и да се движиме заедно кон подобра иднина. Ајде да го оствариме сонот, порача Зибери од Крушево.

Слични содржини