Требаше да се испита состојбата каква е спремноста на училиштата за новиот начин на настава преку дигитални учебници. Ние се уште имаме проблем. Одредени училишта немаат пристап до интернет, ниту стабилно електрично напојување, за да има во функција уред. Нема поеднаква подготвеност на наставниот кадар за примена на новите технологии, вели народниот правобранител Насер Зибери во емисијата „Топ тема“.
Зибери додава дека основното и средното образование се задолжителни, со што државата не треба да ги крши правата на граѓаните.
-Како второ по Устав сме дефинирани како социјална држава. За жал не се разбравме со поранешната министерка, но тоа не значи дека ги елиминиравме проблемите. Бројни беа реакциите од граѓаните, но и здруженијата. Не беа дозволени паралелно учебниците во хартиена форма и децата беа спречени да ја следат наставата и начинот како да ги обезбедат учебниците. Да се надеваме дека полека проблемите ќе се надминат и државата ќе води соодветна сметка за сите параметри за вклучување на учениците во процесот преку новата концепција на учење, рече Зибери.