Зибери: Полицијата ги пречекорила овластувањата при претресот во „Идризово“

од Nikola Popovski
276 прегледи

Народниот правобранител Насер Зибери во извештајот за случувањата во затворот „Идризово“ кога беа повредени полициски службеници и затвореници констатирал пречекорување на овластувањата на полицијата.

-Заврши процесот на видео записите и извештајот ќе го дадеме. За жал, има елементи на повреда на правата, во смисла на пречекорувње на овластувањата на припадниците на МВР, рече Зибери, одговарајќи на новинарско прашања по конференцијата „Надзорната улога на Народниот правобранител над безбедносниот сектор од аспект на заштита на правата на граѓаните“.

Прашан дали тоа е причината за настаната ситуација во затворот Идризово, Зибери рече дека не е сигурен дали тоа е единствената причина.

-Јас гледам од перспектива на заштита на правата на затворениците, како е дојдено, зошто е дојдено, дали е добро организирано, одговор треба да дадат тие, а ние веќе се обративме до надлежните служби да добиеме целосна слика за акцијата, кажа народниот правобранител.

10 полициски службеници и затвореници беа повредени во претресот, кој пред две недели се случи во Казнено поправната установа Идризово.

Имено, полициските службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, денеска извршиле претрес и биле  пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога.

При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности.

Слични содржини