303
Центарот за јавно здравје денеска го тестирал семејството на починатиот од Чаир, кому посмртно му беше потврден Ковид-19.
-Семејството на покојникот – на кој посмртниот брис му бил позитивен на коронавирус, денеска е тестирано. Тие прифатиле да бидат тестирани и земени се брисеви од 14 луѓе. Во Центарот за јавно здравје се пријавиле неколку семејства кои присуствувале на погребот. Осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран ковид-19, објасни во изјави за Телма директорот на Центар за јавно здравје Арбен Зибери.