Зибери: Трошоците за новите лични документи требаше да ги сноси државата

од Nikola Popovski
161 прегледи

Низа забелешки за повреда на правата на граѓаните. Народниот правобранител Насер Зибери во Годишниот извештај рече дека најмногу претставки има за образованието и претресот во затворот во „Идризово“. Сепак омбудсманот се задржа и на промената на личните документи на граѓаните согласно Преспанскиот договор.

Според Зибери, ова прашање има две димензии.

-Првата е неможноста во определениот законски рок, сите граѓани да ги сменат личните исправи, за што се создаде големи редици во просториите, за што МВР отвори дополнителни пункотви. За жал и денес добиваме информации дека тој процес тешко се одвива и дека Министерството тешко ќе стигне навреме да ги задоволи сите барања за смена на овие исправи, рече Зибери.

Втората димензија, вели народниот правобранители, е трошокот за менување на личните документи.

-Иако укажав дека трошоците за обновување за сите граѓани кои поднеле барање за издавање на нови исправи, а им се издадени со стариот образец со Република Македонија, по стапување на сила на измените на Уставот, требаше да ги сноси државата. Не по нивна вина, овие испрани иако се важечки и валидни, стануваат неважечки од февруари 2024 година, истакна Зибери.

Слични содржини