Зидан бил подготвен да го преземе Јунајтед, неговата сопруга е против

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Раководството на Манчестер Јунајтед постигнал значителен напредок во обидите да го убеди Зинедин Зидан да го заврши својот одмор и да ја преземе функцијата од Оле Гунар Солскјаер.

Првично се тврдеше дека поранешниот тренер на Реал Мадрид не сака да оди во Премиер лигата и единствените обврски кои би го примамиле биле работа во репрезентацијата на Франција или Јувентус.

Сепак, според „Дејли рекорд“ и „Дејли мејл“, Зидан е се повеќе искушуван од можноста да соработува со двајца негови поранешни играчи во Реал – Кристијано Роналдо и Рафаел Варан.

На „Олд Трафорд“ се надеваат дека силната врска на Зидан со овие играчи ќе го убеди да го преземе 20-кратниот шампион.

Една од потенцијалните пречки за евентуалното назначување на Зидан е позицијата на неговата сопруга Вероника, за која се вели дека воопшто не ја привлекува можноста да живее во Манчестер и инсистира нејзиниот сопруг да го продолжи својот одмор во очекување на поатрактивна понуда.

Слични содржини