МАРТИН Одегард ќе се врати од позајмица од Арсенал во Реал Мадрид на крајот на сезоната, според шпанските и англиските медиуми, кои во своите текстови наведуваат дека причина за тоа е возраста на Лука Модриќ.
Капитенот на хрватската репрезентација е незаменлив во средниот ред на тимот од Мадрид, но во септември ќе наполни 36 години, па клубот не е сигурен колку повеќе ќе може да игра без вистинска пауза. Само оваа сезона, Модриќ одигра 43 натпревари за Реал Мадрид и скоро 3.300 минути на нив.
Освен возраста на Модриќ и честата употреба, тие ја наведуваат истоштеноста на Тони Крос како причина за враќањето на Одегард и наведуваат дека норвешкиот играч за врска наскоро треба да ја преземе контролата врз средниот ред на Реал.
Одлуката за неговото враќање е веќе донесена и клубот смета на него во сезоната 2021/22, иако Арсенал се надева дека може да го добие на позајмица уште една година.
За Зидан, тоа не е опција.