Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан планира да го промени нападот за реваншот со ПСЖ и да го пушти меѓу стартерите Марко Асенсио, пишува „Марка“.
Играчот постигна два гола против Бетис, откако пред тоа имаше важни моменти во 12-те минути кои ги одигра против Французите и предвид неефикасноста на Бејл и Бензема, тренерот размислува за промени.
Весникот потсетува дека речиси во секој натпревар, во кој играл, Асенсио се справил одлично, што му ја донесе и довербата на Зидан за клучниот судир на „Парк де Пренс“ по 2 недели.
Сепак, ова можеби не е единствената промена во нападот, бидејќи е можно да започне уште еден млад играч. Станува збор за Лукас Васкез, кој исто така играше добро против Бетис и весникот „АС“ потсетува дека кога Асенсио, Лукас и Роналдо се стартери, тимот има 6 победи од 6 натпревари, а во последните 3 натпревари со нив реализираните погодоци беа цели 15.