Зидан го остави Бејл надвор од групата за мечот со Леванте

од Vladimir Zorba

Откако настапи многу лошо во последниот натпревар на Реал Мадрид, Герет Бејл не се најде во групата за мечот против Леванте во саботата навечер.

Напаѓачот имал проблеми со стомакот пред неколку дена, но се опорави и тренираше нормално. Ова укажува на тоа дека неговото отсуство од списокот на Зинедин Зидан е од спортско-технички причини.

На „Сиутат де Валенсија“ нема да ги видиме Родриго Гоеп, Лука Јовиќ, Начо Фернандез, Маријано Дијаз и Браим Дијаз, кои, исто така, не се во групата на францускиот ментор.

Слични содржини