Зидан го смести Бензема веднаш до Роналдо во историјата на Реал Мадрид

од Aleksandar Petrovski

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го постави Карим Бензема заедно до Кристијано Роналдо во клупската историја на „белите“. Францускиот напаѓач двапати се запиша во синоќешниот успех против Галатасарај и веќе има 50 погодоци за „белиот балет“ во Лигата на шампионите.

– Бројките зборуваат сами. Оние кои сакаат фудбал знаат дека тој е квалитетен играч. Тој е важен за тимот, за нападот … тој одлично се справува. Единствено што се смени по заминувањето на Кристијано беше дека Бензема стана позрел. Тој е татко, а и многу работи што се случија, влијаат и на теренот. Среќен сум за Карим. Точно е дека тој е пред легенда како Алфредо ди Стефано со овој гол. Тој веќе е како Кристијано Роналдо во историјата на овој клуб. Тој прави нешто неверојатно и ние треба да уживаме во тое, изјави менторот.

Тој не штедеше пофални зборови и за Родриго, кој постигна „хет-трик“ во средата.

– Тој има 18 години и секој пат, кога има можност да игра, извлекува најмногу. Тој работи напорно и се справува добро. Сепак, сигурно треба да останеме мирен и да не го оптоваруваме премногу, вели Зидан.

Слични содржини