Зидан кандидат за тренер на Јувентус

од Stefanija Kuzmanovska

Според италијански „Тутоспорт“, управата на Јувентус може да го отпушти тренерот Андреа Пирло, без оглед на позицијата на која тимот ќе заврши во Серија А. Еден од кандидатите за негов наследник е Зинедин Зидан.

„Старата дама“ се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона, но тоа не е единствениот услов Пирло да остане. Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели долго време сакаше да го донесе Зидан и се обиде да го ангажира во 2019 година, пред францускиот тренер да го преземе Реал Мадрид.

Според „Тутоспорт“, годишната плата на Зидан од 12 милиони евра е пречка, бидејќи раководството на Јувентус сака да ги намали трошоците со цел да ги ублажи ефектите од пандемијата на коронавирус.

Слични содржини