Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека ќе се бори да остане на чело на тимот, иако во последно време ситуацијата кај „белите“ е прилично напната и неговата иднина воопшто не е јасна.
„Понекогаш, кога слушам прашања за мојата работа, размислувам, но додека не се уморам, ќе сум дел од тренерската работа. Добро сум тука, ќе се борам да останам. Се што правам сепак е ден за ден, не мислам за долгорочни договори“, рече Зидан.
Специјалистот, исто така, ја коментираше повредата на хрватскиот играч од средниот ред, Лука Модриќ, за која се разбра денес.
„Тој чувствува болка во левата нога и не тренираше. Единствено за што мисли сега е брзо закрепнување. Герет Бејл веќе е на пат да ја поврати својата најдобра форма, многу се труди. Тој знае колку важен е за тимот“, коментира Французинот.
На 6 март е реваншот помеѓу Реал Мадрид и Париз Сен Жермен во Париз.