Критиките само се истураат кон Зинедин Зидан по елиминацијата на Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Челси беше подобар, побрз, посилен на двата меча, а Зидан е огорчен што не направи ништо како тренер за да ја намали таа разлика, што беше очигледно.
Реал не стори ништо во Лондон, а од Шпанија доаѓаат прилично јасни сигнали дека Зизу ќе го напушти „кралскиот клуб“ на крајот од сезоната.
Шпански „Goal.com“, имено, се повикува на извори блиски до клубот и тврди дека играчите се убедени дека Зидан нема да биде тренер на Реал следната сезона.
„Зидан не изгледа среќен оваа сезона. И некои играчи, пред се Марсело и Иско, се разочарани што не биле близу до првиот тим откако Зизу се врати“, пренесе Goal.
Зидан има договор до јуни 2022 година.