Зидан: Не потценија, овој тим никогаш не се предава

од Stefanija Kuzmanovska
354 прегледи

Реал Мадрид и Ливерпул утре го играат првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, во кој како благ фаворит влегува актуелниот шампион.

Тренерот на кралскиот клуб, Зинедин Зидан, зборуваше за ова на прес-конференција пред натпреварот и смета дека неговиот тим е неправедно потценет.

– Мислам дека заслужуваме поголема доверба. Но, овој тим никогаш не се предава, ќе им докажеме на луѓето дека не биле во право. Ќе се бориме се додека имаме шанса. Имаше тешки моменти, но сега сме добро – рече Зидан.

Тој истакна дека не размислува за финалето што овие две екипи го одиграа во 2018 година.

– Не размислуваме за минатото. Ова се различни натпревари. Ќе се подготвуваме на поинаков начин – истакна Зидан.

Ливерпул оваа сезона имаше големи проблеми со повредите на играчите.

– Не знам колку тоа ги ослабе, бидејќи тие имаат други играчи. И ние имаме повредени момци, но силата е во тимот. Секогаш недостасува некој, но во нашиот случај, важно е да функционираме како тим – рече францускиот стручњак.

На крајот, Зидан го пофали тренерот на англискиот клуб Јирген Клоп.

– Клоп е одличен тренер, тој има големо искуство. Има постигнато големи работи. Ливерпул е многу силен, добар тим – додаде Зидан.

Слични содржини