Зидан: Оние кои се разбираат од фудбал, знаат дека Карим е многу добар

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Зинедин Зидан уште еднаш го заштити Карим Бензема, откако напаѓачот има слаба сезона и добива многу критики, а има и многу шпекулации дека ќе биде продаден.

„Нема смисла да коментираме дали критиките се фер или не. За мене, работата што тој ја прави на теренот е важна за мене. Се разбира би се радувал да бележи повеќе, бидејќи има шанси, но и покрај тоа тој е многу корисен за тимот и луѓето кои се разбираат од фудбал знаат дека тој е многу силен фудбалер“, изјави Зидан пред натпреварот со Еибар утре.

„Не треба да убедувам никого. Секој има свои омилени играчи и му се допаѓа еден или друг, но тоа нема да влијае на мене. Карим е тука веќе 9 години и не морам да го бранам бидејќи тој е одличен играч и многу го сакам“, додаде тој.

„Неговите статистики зборуваат елоквентно. Тој е број 9 во Реал и се зборува многу за него, бидејќи во последно време бележи помалку. Бензема сепак прави други работи со кои е корисен на тимот, па головите ќе дојдат“, рече уште Зидан, кој очекува тежок судир.

„Тие се силен домаќин, а нивниот терен е прилично незгоден за нас, бидејќи е помал. Тешко е да се прилагодиш за натпреварите поради разликата до лидерите, но ние нема да се откажеме“, рече тој.