Зинедин Зидан уште еднаш потврди дека заминувањето од Реал е многу реална опција.
Мадрид во недела на „Сан Мамеш“ ќе се соочи со Атлетик Билбао во натпреварот од 37-то коло во Ла Лига.
Сепак Зидан, без оглед на тоа што трката за титулата е се уште отворена, зборуваше за можната разделба со кралскиот клуб.
„Понекогаш треба да останете, а понекогаш и да заминете, за доброто на сите. Можеби мислите дека би заминал затоа што работите се искомплицираа, но тоа не е вистина. Јас секогаш го правам она што е најдобро во моментот. Понекогаш стигнувате до моментот каде што промената е најдобра за клубот. Тука сум да работам за доброто на клубот, а не за мене“, рече Зидан.
Додаде дека го интересира само мечот со тимот од Баскија.
„Што се однесува до мојата иднина, имаме важен меч во недела, и јас сум еден од оние кои живеат од денес за утре. Не знам што носи утре. Ова беше најтешката сезона во мојата кариера, но јас сум горд на мои играчи, тие навистина даваат се од себе“, рече тренерот на Реал.