331
Српскиот фудбалер Лука Јовиќ нема да му биде на располагање на Зинедин Зидан за мечот со Осасуна во Памплона.
Клубот објави дека 23-годишниот напаѓач е повторно повреден и дека тој нема да биде меѓу 23-те играчи. Јовиќ неодамна беше надвор од ростерот, исто така од здравствени причини.
Тој се врати на тренинзите, но беше „закован“ на клупата неколку натпревари. Оваа сезона тој одигра само 149 минути за „кралскиот“ клуб, и не постигна ниту еден гол.
Натпреварот помеѓу Осасуна и Реал е закажан за во сабота од 21 часот.