Зинедин Зидан повторно посочи дека е подготвен да се врати во тренерската професија. Французинот смета дека предолго е без работа и почнува да му недостасува. 51-годишниот Французин последен пат беше на чело на Реал Мадрид, но се раздели со „белиот балет“ во 2021 година.
„Иако тренерството бара многу енергија, предолго сум без работа. Да, оваа работа ме изморува, но во исто време почнува да ми недостига. Убаво се забавувам. Ќе видиме кога ќе се вратам на тренерската работа“, рече Зидан пред Марка.
Името на францускиот стручњак постојано се поврзуваше со различни тимови, но тој досега не прифати ниту една од понудите кои му беа упатени. Тој се надеваше дека ќе го замени Дидие Дешамп на чело на Франција по Светското првенство во Катар, но Дешан изненадувачки реши да остане и да го обнови договорот, со што ги погази плановите на Зизу.