Зидан: Реал би можел да биде подобар тим без мене

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Фудбалерите на Реал Мадрид викендов го играат натпреварот од последното коло во Ла Лига.

Во сабота, на 22 мај, во 18 часот го пречекуваат Виљареал, а доколку сакаат да бидат шампиони, мора да победат, а истовремено, водечкиот Атлетико да загуби бодови во Ваљадолид.

Тренерот Зинедин Зидан се осврна на мечот со „жолтата подморница“.

„Ова беше тешка сезона, но стигнавме до последната недела со шанса да ја освоиме титулата. Знаеме како да играме со Виљaреал, тим кој игра многу добро оваа сезона“, вели Зидан.

Уште еднаш беа неизбежни прашањата за неговата иднина на клупата на кралскиот клуб.

„Имаме натпревар во сабота, тоа е важна работа. После тоа ќе видиме, имаме време да разговараме за тоа. Сега не е време. По 37 натпревари, дали мислите дека ќе поминеме време да разговараме за следната сезона? Јас или некој друг, тоа не е она што е важно тука. Тимот е важен. Следниот натпревар е сè што нè интересира, тоа е вистината“, рече Зидан.

На прашањето дали верува дека Реал ќе биде подобар со некој друг на чело, тој не се двоумеше да одговори.

„Секако. Многу ги сакам моите играчи и тие секогаш ме спасуваа на теренот. Јас секогаш ќе го ценам тоа. Убаво е што тие имаат позитивно мислење за мене“, заклучи тренерот на Реал.

Слични содржини