„Зидојче цајтунг“: Грција има пари за до 12 мај

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Грчките финансиски резереви се поголеми од она што досега се мислеше, објави германскиот весник „Зидојче цајтунг“, нагласувајќи дека според извори од преговорите меѓу Атина и ЕУ, Грција може да остане платежно способна до 12 мај.

– Ваквите податоци во Брисел ги изнеле грчките преговарачи, наведува весникот, потсетувајќи дека досега се говореше дека 9 април е „денот по кој на Грција итно ќе и биде потребна дополнителна помош“.

„Зидојче Цајтинг“ нагласува дека за да добие дополнителни пари Атина мора да подготви „список на конкретни мерливи реформи“. – Меѓутоа, напорите во таа сфера напредуваат бавно, додава весникот.

Весникот „Велт“ пак оценува дека во Европа се повеќе се добива впечаток дека Атина сака да добие пари без да спроведе реформи.

– Меѓу Европејците преовладува стравување дека грчката Влада ќе ја искористи дополнителната помош за зголемување на платите, пензиите и социјалните трошоци, наведува весникот, додавајќи дека останува отворено прашањето дали и кога Грција ќе сака да ги врати парите што и беа позајмени./МИА