Зијадин Села: Одговорност да има и од највисоките членови на ДУИ

од desk2
81 прегледи
Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села од редовниот состанок на централното раководство што се одржа во Тетово во изјава за медиумите ги коментираше актуелните политички случувања. Тој посочи дека Алијансата е за пропорционален модел со отворени листи, а изјави дека треба да се утврди одговорноста на ДУИ околу изборот на судии и обвинители, пишува Независен.

– Ние сме за промена во избирачкиот законик почнувајќи од тие фиктивни гласачи кои уште постојат во државата, најдобар доказ за тоа се референдумот, претседателските избори итн. Бидејќи ова општество има потреба да се демократизира, тоа би почнало со промена на моделот на избор, а тоа би бил пропорционален со отворени листи. Време е да се подобри квалитетот на тие што го претставуваат народот, а најдобар начин за тоа е токму гласачите да ги изберат кандидите кои ги предлагаат партиите, рече Села./Nezavisen