Зиков: Анкетите промашуваат и тоа „дебело“

од desk4
262 прегледи

Во анкета спроведена од американскиот Национален демократски институт, 14 отсто од анкетираните македонски граѓани одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 10 отсто за СДСМ. Додека пак, за Зоран Заев гласот би го дале 8 проценти од анкетираните, додекка за Христијан Мицкоски има 5 проенти доверба.

За ваквата ситуација политичкиот аналитичар Љупчо Зиков вели дека многу не им верува на анкетите, бидејќи мнгоу пати во минатото анкетарите промашиле.

-Во Македонија политичките работи циклично се движат и се вртат. Оваа година ќе прославиме и 30 годишнина од независноста. Во изминатите 30 години независност во Македонијал, никогаш до крај не им верувам на анкетите, иако анкетите некогаш погодуваат. Пред избори, многу малку анкети погодуваат можеби плус/минус три посто девијација, а многу анкети промашуваат, и тоа дебело. Од овој аспект гледано, сега следи кампања и ова што се случува и вчера со настаните пред Собрание со демонтрациите, и она што ќе се случува во наредните недели и месеци ќе оди кон тоа на билдање на тој рајтинг. Треба да ја видиме кампањата за локалните избори како ќе се одвива, претходно ќе го имаме веројатно пописот, па после тие анекти можат да бидат поверодостојни. Инаку, не е нејсно, кога ќе се види анкетата,  кај рејтингот на лидерите на партиите. Таа е јасна и од порано, дека тоа е рејтингот кој го покажува, рече Зиков.