Зиков: Бугарите ни ги знаат слабостите и играат „мајтап“

од Берта Китинска
267 прегледи

Класична провокација е отворањето на клубот „Цар Борис 3“, вели во „Само вистина“, Љупчо Зиков.

Тој напоменува дека договорто за Добрососедствот не е коренот на преблемите помеѓу двете држваи.

-Бурните реакции во Софија поради исфиркувањето на химната во Скопје на фудбалскиот меч од Јотова и другите министри кои таму се појавија, е во правец да се испровоцираме и да почнеме да да бидеме брутални во некој наш вербален однос или како ќе го изманифестираме за да може тие во Софија да држат состаноци и да кажуваат во Брисел како ние сме лошата страна, вели Зиков додавајќи дека треба поладнокрвно да се постапува и да почнат да се применуваат законите во врска со отворањето на здруженијата.

-Треба да ја смириме тензијат, тие знаат дека на нас ни се брза кон ЕУ и нормално во оваа работа не чувствуваат сензибилни и играат мајтап. И во нивните политики кои се поставени со провокации е поради тоа што тие ја почуствувале нашата слабост во политиката, вели тој.

Слични содржини