439
Политичкиот аналитичар Љупчо Зиков смета дека Македонија нема да без остане со жито, дури и ако избувне војна во Украина.
-Знаеме дека Украина е најголема житница во Европа, но таму војна се уште нема. Житницата работи, ако треба да се купи нешто. И да имавме војна, ќе имаме жито, затоа што во случајов ние ја поддржуваме Украина во нивните напори да го сочува интегритетот, рече Зиков во емисијата „Само вистина“.
Како втор аспект, според него, ние сме членка на НАТО и како таква, сето тоа во механизмот и во моделите на НАТО, тоа е решено.
-Во големи количини житото го набавуваме и од Србија. Трговски односи со Украина и Русија немаме којзнае какви, додека кај гасот проблемот, од една страна не е директен за Македонија, оценува Зиков.