Зиков: Со притворот на Камчев излегоа на виделина двојните аршини во медиумите

418 прегледи

Во своето гостување во „Само вистина“, новинарот, Љупчо Зиков посочи дека дека причините се видливи и не треба да има сомнение околу приведувањето на Камчев, но исто така се осврна и на двојните аршини во медиумите, кои бараат едно за еден човек, додека друго за друг човек.

„Нема причина да не веруваме во она што е кажано, врзано за тоа дали се подготвувало или не бегство на Орце Камчев. Мојот впечаток е дека до крај не се знае за што е определен притворот. Но, можеби свесно не се кажува до крај. Во јавноста, се гледаат два аршина, односно оние кои го креираат јавното мислење. До пред две-три недели јавноста се крена на нозе за тоа каде е Мијалков, додека сега се прашува зошто е приведен Камчев. Ние го зборуваме ова во време кога судовите судат за прислушување кое масовно се случувало во сите години наназад. Но, можеби јавноста не знае и не смее да знае дека бил прислушуван, па можеби рекол дека планира бегство, но тоа се претпоставки. Адвокатот на Камчев имаше повеќе политичка изјава вчера, отколку правна изјава“, истакна Зиков.

Слични содржини