Зиков: Владата не попушта пред бугарските барања

од Nikola Popovski
227 прегледи

Тешко дека нешто ќе се случи во јуни. Дури и најдобри намери да се има за компромис, прашање е дали ќе има време, вели политичкиот аналитичар Љупчо Зиков околу евентуалното кревање на бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ.

Зиков смета дека „македонските власти не даваат ниту попуштаат во периодот“.

-Можеби тоа ВМРО-ДПМНЕ на други начини би го правело, со фанфари, тапани, не даваме национализми, ѕвездата од Вергина…и тоа би било гласно за народот да прими порака дека овие се патриоти. Владата не попушта со надворешната политика. Нема знаци на попуштање, туку на стамено. Добра беше изјавата на Ковачевски од Рим после средбата со Петков. Немаме елементи за нешто ново и не се врзуваме со рокови, рече Зиков.

Според него, македонската опозиција ја одбра „страната со инфантилни пароли и пораки да кажува што се прави“.

-Тој дел опозицијата го прави во шампионски стил. После овој период, може да се случи да има предвремени избори. Секој ден устите им се полни со предвремени избори. Тоа може да биде во зона на стратегии и тактики, смета Зиков.

Слични содржини