Новинарот и политички аналитичар, Љупчо Зиков оценува дека ВМРО-ДПМНЕ има предност пред другите партии во пресрет на изборите, но главното прашање е дали може да направи Влада, врз основа на тоа, како што вели, што ја чека Македонија во наредните години.
-Второ, земјата можеби нема да добие Влада веднаш, а ќе влезе во политичка криза. Зборуваме за платформи и за определбата за евроатлантски организации. Кај ВМРО-ДПМНЕ евидентно е дека таа платформа е доведена во прашање, со редици изјави на нивните протагонисти и лидерот. Не е исклучено по изборите, лидерот на опозицијата да ја смени изјавата и да каже „добро тоа беше за пред избори, сега имате после избори“, рече Зиков во емисијата „Само вистина“.
За последните анкети во јавноста за рејтингот на партиите, Зиков вели дека служат и за формирање на јавно мислење, а не само за да се отслика јавното мислење.
-Утре може СДСМ да излезе со обратна слика. Не е поентата во македонскиот блок кој е во предност во моментов. Овие избори не се за тоа кој ќе ја води Владата, туку за иднината. Првпат имаме јасна патека каде треба да одиме, кажа аналитичарот.