Денес македонската економија нема имунитет да се справи така лесно со времето од 90-тите. Затоа ние имаме слабо компании во македонското претприемништво од тоа време, посебно од времето на Бранко Црвенковски, вели политичкиот аналитичар Љупчо Зиков.
Според него, во тоа време на владеење се направиле такви дефекти, особено во тоа време на економијата, процесот на столетието направи компании од општествена сопственост во приватна кои денеска не можат да се справуваат на пазарот.
-Од тој аспект гледано, денеска имате континутет од 30 години каде Македонија во тие 30 години мора да ја гледате во сите причинско-последователни врски што се случувале бидејќи тој период е долг, но не толку долг, рече Зиков во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.
Тој додава дека во последните 25 години, како растат тендерите во Македонија, така се намалува извозот, а тоа покажува дека компаните веќе, многу слабо скоро воопшто не размислуваат да извезат надвор туку што можеме со државата да направиме.
Зиков се залага за што повеќе странски инвестиции во земјата, но треба да се креираат и институти по урнек на сингапурскиот модел.