Зиков: „Задолжување до 150% не е страшно со стабилна економија“ – Куновска: „Нас ни се заканува етничка сегрегација ако останеме надвор од ЕУ“

од Марта Пешевска
26 прегледи

Светот денес е во „грчко сценарио“ на кризи, а прашањето е на која страна од кризата сме ние – дали на почетокот или на крајот, вели Љупчо Зиков во емисијата „Само Вистина“. Тој објаснува дека државите мора да имаат капацитет да ги враќаат задолжувањата. Иако некои тврдат дека задолженост над 110% од бруто домашниот производ е ризична, постојат развиени земји со задолженост и до 150%, кои тоа успешно го менаџираат благодарение на силна економија, висока вработеност и стабилна политичка клима.

Софија Куновска додава дека ситуацијата ќе стане поостра кога Црна Гора и Албанија ќе станат членки на ЕУ, што се очекува наскоро, најверојатно како асоцијативни членки. Таа предупредува дека Македонија може да остане како „слепо црево“ или „гето“ надвор од ЕУ, што може да доведе до етничка сегрегација и потенцијална дестабилизација.

Слични содржини