„Зимата ќе биде предизвикувачка“: Мицкоски нема информации за можно поскапување на струјата

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до овој момент нема информација за евентуално поскапување на струјата. Како што оцени денеска, состојбата е стабилна и конслидирана, а Владата, и покрај сите предизвици, навреме презема мерки за да нема ценовен шок и да има електрична енергија.

-До овој момент немам информација дека ќе има зголемување на цената на електричната енргија. Зимата ќе биде предизвикувачка, имајќи предвид со што се се соочува Европа и какви се временските прогнози. Во име на тоа преземавме мерки, за да не дојде до ценовен шок и до поскапување на струјата. Како тоа на крај ќе заврши, зависи и од Регулаторна комисја за енергетика, истакна Мицкоски по увидот во градежните работи на делници во Велес

Слични содржини