Изутринава висината на снежната покривка во Попова Шапка изнесува 52 сантиметри снег.
Вистинска зимска идила има.Веќе подолго време овој ски центар во Македонија е прекриен со снег. Чист воздух, природа, убавина.
Според прогнозите времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северните делови со повремен снег, а можна е и локална појава на замрзнат дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела, особено во западните делови (над 25 л/м2) и ќе бидат претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 4 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно, попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд, а на околните планини со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Фото: Патувања низ Македонија